Pre-release: this release has not been published. Identifiers are permanent; descriptions may still change.
source excerpt from https://portal.mdt.gov.mk/post-body-files/zakoni-mstp-file-4n2h.pdf
https://ontology.bommaritollc.com/id/01a135d5-a95c-772b-a5c1-42f170714448
Elsewhere
Sourceportal.mdt.gov.mk
Facts
| adms:identifier | |
| oa:bodyValue | {"legal_state":"unknown","passage":{"end_byte":131213,"instrument_iri":"https://ontology.bommaritollc.com/id/01a13523-5594-72c7-9d54-7cd4a698b767","original_sha256":"31e622b7b82db33cdd19763f1f6eaf21afbf3b0efed0d98474d02fbd4bcd5c49","parsed_text_sha256":"46002f1d7e3f0325fcd26d124ee97d3a0c3e4e3f2638ab57bafabca15b28ff81","source_url":"https://portal.mdt.gov.mk/post-body-files/zakoni-mstp-file-4n2h.pdf","start_byte":119357},"policy":"retained-legal-source-passage-v1","quote":"родосквернавење, за кривично дело од групата на дела против половата слобода, без оглед на\n\nизречената санкција и кај кое во согласност со закон е утврдено дискриминаторско однесување и\n\n- во други случаи утврдени со закон.\n\n(3) За престанување и одземање на решението од членот 78 од овој закон министерот носи\n\nрешение.\n\n(4) Против решението од ставот (3) на овој член може да се изјави жалба до Државната комисија\n\nза одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.\n\nЧлен 81\n\n(1) Давањето услуги од членот 75 од овој закон се врши на повик на барателот (родител или\n\nстарател на дете) и може да се врши во домот на барателот или како придружба на корисникот на\n\nуслугата.\n\n(2) Времето, местото и начинот на давањето на услугите се определува при ангажирањето на\n\nлицето од страна на барателот што се регулира со меѓусебен договор склучен меѓу агенцијата и\n\nбарателот на услуги.\n\n(3) По склучување на договорот од ставот (2) на овој член, агенцијата за давање услуги за чување\n\nи нега на деца од предучилишна возраст, склучува договор за вработување со лицето кое ќе ја\n\nобезбедува услугата кај барателот.\n\n(4) Лицата кога се ангажирани на повик задолжително носат службена легитимација.\n\n(5) Формата и содржината на легитимацијата од ставот (4) на овој член ги пропишува\n\nминистерот, а ги издава одговорното лице на агенцијата.\n\nЧлен 82\n\nАгенцијата одговара за настанатата штета која е причинета од вработен кој дава услуга на повик,\n\nво согласност со закон.\n\nЧлен 83\n\nПоблиските услови и начинот на вршење на работите од членот 75 од овој закон ги пропишува\n\nминистерот.\n\nVII. ФИЗИЧКИ ЛИЦА КОИ ВРШАТ ЗГРИЖУВАЊЕ НА ДЕЦА ОД ПРЕДУЧИЛИШНА ВОЗРАСТ\n\n\nЧлен 84\n\n(1) Физички лица можат да вршат одредени работи од дејноста згрижување и воспитание на\n\nдеца од предучилишна возраст како професионална дејност под услови утврдени со овој закон.\n\n(2) Згрижувањето и воспитанието на децата од предучилишна возраст од ставот (1) на овој член\n\nможе да се врши во домот на родителите на детето, во домот на физичкото лице или во друг соодветен\n\nстанбен/деловен простор кој ги исполнува условите согласно овој закон.\n\nЧлен 85\n\nФизичко лице може самостојно да врши одредени работи од дејноста згрижување и воспитание\n\nна деца, како професионална дејност за организирање и остварување на згрижување или престој, нега и\n\nисхрана на деца од предучилишна возраст до шест години живот, односно до поаѓање во основно\n\nучилиште и деца на возраст до десет години живот, најмногу до пет деца и не помалку од два часа\n\n\nдневно.\n\nЧлен 86\n\n22\n\nФизичко лице може самостојно да врши одредени работи од дејноста згрижување и воспитание\n\nна деца, како професионална дејност и за организирање и остварување на згрижување или престој, нега\n\nи исхрана и за деца со пречки во менталниот развој или телесна попреченост до две деца на возраст до\n\nдесет години живот и не помалку од два часа дневно.\n\nЧлен 87\n\n(1) Физичко лице може самостојно да врши одредени работи од дејноста згрижување и\n\nвоспитание на деца како професионална дејност доколку ги исполнува следниве услови:\n\n- да има најмалку средно образование,\n\n- да не му е одземено вршењето на родителско право,\n\n- да има општа и посебна здравствена способност,\n\n- да не му е одземена или ограничена деловната способност,\n\n- да не му е изречена казна со правосилна судска пресуда со која е осудено за кривично дело за\n\nсемејно насилство, одземање на малолетно лице, негрижа или злоставување на малолетно лице или\n\nродосквернавење, за кривично дело од групата на дела против половата слобода, без оглед на\n\nизречената санкција и кај кое во согласност со закон е утврдено дискриминаторско однесување и\n\n- ако детето се згрижува во домот на физичкото лице или во друг соодветен станбен/деловен\n\nпростор кој ги исполнува условите согласно овој закон, просторијата каде што ќе престојува детето\n\nсогласно со членовите 85 и 86 од овој закон, треба да има површина од најмалку 15 м2, а просториите\n\nво кои ќе се одвиваат активностите со децата треба да се функционално поврзани и одвоени од\n\nпросториите кои ги користи семејството.\n\n(2) Физичкото лице од ставот (1) на овој член не може да врши одредени работи во сопствениот\n\nдом, доколку во семејството има член кој е болен од неизлечива заразна болест, зависник од дрога или\n\nдруга психотропна супстанција или злоупотреба на алкохол, или доколку на возрасен член на\n\nсемејството не му е одземено или ограничено родителското право.\n\n(3) Две физички лица, можат да го организираат своето работење во заеднички простории со\n\nповршина од најмалку 30 м2 заради заедничко покривање на трошоците. Секое од нив ќе ја врши\n\nдејноста одвоено и на своја одговорност, без едното да одговара за постапките на другиот.\n\n(4) Физичко лице кое самостојно врши одредени работи од дејноста згрижување и воспитание\n\nна деца како професионална дејност, може да ангажира и волонтер согласно со закон, кој доколку\n\nволонтира во делот на одредени работи од дејноста згрижување и воспитание, треба да поседува и\n\nсоодветна лиценца за неговател и да го извести писмено Министерството за труд и социјална политика\n\nза неговото ангажирање со прилог договор за волонтирање.\n\n(5) Секое физичко лице кое самостојно врши одредени работи од дејноста згрижување и\n\nвоспитание на деца како професионална дејност задолжително треба да поседува важечка лиценца за\n\nнеговател и решение за вршење одредени работи од дејноста.\n\n(6) Поблиските услови, критериуми и начинот на вршење на работите од членот 84 од овој закон\n\nги пропишува министерот.\n\nЧлен 88\n\n(1) Барањето за вршење на работите од членовите 84, 85 и 86 од овој закон се поднесува до\n\nминистерството.\n\n(2) Министерот откако ќе констатира дека се исполнети условите за работа на подносителот на\n\nбарањето му издава решение за вршење на одредени работи од дејноста врз основа на мислење на\n\nкомисија составена од три члена, именувани од министерот.\n\n(3) Против решението од ставот (2) на овој член може да се изјави жалба до Државната комисија\n\nза одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.\n\n(4) По донесување на решението од ставот (2) на овој член физичкото лице од членот 84 од овој\n\nзакон во рок од 15 дена од денот на добивање на решението се запишува во соодветниот регистар на\n\nЦентралниот регистар на Република Македонија.\n\nЧлен 89\n\n23\n\n(1) Физичкото лице со барателот на услугата склучува договор во писмена форма во кој се\n\nуредува времето, местото, начинот, видот, надоместок за извршената услуга и обемот на услугите кои ги\n\nдава физичкото лице.\n\n(2) Физичкото лице од членот 84 од овој закон, одредените работи може да ги врши само како\n\nединствена дејност.\n\n","statutory_number":null,"whole_instrument_recall":"not_established"}rdf:JSON |
| oa:hasSource | |
| prov:wasDerivedFrom | |
| schema:isPartOf |