Pre-release: this release has not been published. Identifiers are permanent; descriptions may still change.
source excerpt from https://portal.mdt.gov.mk/post-body-files/zakoni-mstp-file-4n2h.pdf
https://ontology.bommaritollc.com/id/01a135d6-a2f8-71ab-8de7-04bada7456d5
Elsewhere
Sourceportal.mdt.gov.mk
Facts
| adms:identifier | |
| oa:bodyValue | {"legal_state":"unknown","passage":{"end_byte":250445,"instrument_iri":"https://ontology.bommaritollc.com/id/01a13523-5594-72c7-9d54-7cd4a698b767","original_sha256":"31e622b7b82db33cdd19763f1f6eaf21afbf3b0efed0d98474d02fbd4bcd5c49","parsed_text_sha256":"46002f1d7e3f0325fcd26d124ee97d3a0c3e4e3f2638ab57bafabca15b28ff81","source_url":"https://portal.mdt.gov.mk/post-body-files/zakoni-mstp-file-4n2h.pdf","start_byte":238587},"policy":"retained-legal-source-passage-v1","quote":"директорот донесува план за континуиран професионален развој во согласност со програмат за\n\nконтинуирана едукација на стручните даватели на јавни услуги од членот 136 од овој закон.\n\n(2) Јавните установи за деца воспоставуваат систем за управување со ефектот на стручните\n\nдаватели на јавни услуги од ставот (1) на овој член.\n\n(3) Системот од ставот (2) на овој член го сочинуваат утврдување на работните цели и задачи,\n\nутврдување на индивидуалниот план за стручно усовршување, како и постапка за оценување на ефектот\n\nна стручниот давател на јавна услуга од ставот (1) на овој член.\n\n(4) Работните цели и задачи на давателот на јавна услуга од ставот (1) на овој член во\n\nјавна установа за деца се утврдуваат врз основа на годишната програма за работа на јавната установа за\n\nдеца.\n\n(5) Работните цели и задачи на давателите на јавни услуги од ставот (1) на овој член треба да\n\nбидат јасни, прецизни, мерливи и со утврдена временска рамка за извршување.\n\n(6) Работните цели и задачи се утврдуваат од страна на директорот на јавната установа за деца\n\nили лице овластено од него, во соработка со стручниот давател на јавна услуга, во декември во\n\nтековната година за наредната година.\n\n(7) Директорот на јавната установа за деца или лицето овластено од него, е должен\n\nконтинуирано да го следи ефектот на стручниот давател на јавна услуга од ставот (1) на овој член, во\n\nтекот на целата година и по потреба да предлага мерки за подобрување на истиот.\n\n(8) Како дел од процесот на континуирано следење на ефектот на стручниот давател на јавна\n\nуслуга од ставот (1) на овој член, најдоцна до 1 ноември се спроведува годишно интервју за тековната\n\nгодина.\n\n(9) По спроведување на годишното интервју се пополнува извештајот за годишно интервју, кој го\n\nпотпишуваат стручниот давател на јавна услуга од ставот (1) на овој член и директорот на јавната\n\nустанова за деца или лицето овластено од него.\n\n(10) Копија од извештајот од ставот (9) на овој член му се доставува на стручниот давател на\n\nуслуга од ставот (1) на овој член.\n\n(11) Доколку во извештајот за годишното интервју, директорот на јавната установа за деца или\n\nлицето овластено од него, утврди дека стручниот давател на јавна услуга од ставот (1) на овој член не ги\n\nисполнил поставените цели, односно покажува незадоволителни резултати за време на годишниот\n\nпериод, не покажува потребна стручност и компетентност, има значителни грешки во работата и\n\nпостапувањето, работните задачи ги извршува ненавремено, односно не покажува интерес за квалитетот\n\nна извршување на работните задачи, истиот ќе започне постапка за подобрување на ефектот.\n\n(12) Во постапката за подобрување на ефектот се предлагаат дополнителни обуки или\n\nменторство и се изрекува писмена опомена во која стручниот давател на јавна услуга се предупредува\n\nна можноста да биде оценет со негативна оцена, доколку и покрај укажувањата и предложените мерки,\n\nдо истекот на наредната година од годината во која е извршено оценувањето, не го подобри својот\n\nефект.\n\n43\n\n(13) Начинот на спроведување на годишното интервју и оценувањето, како и формата и\n\nсодржината на извештајот од ставот (9) на овој член и на образецот за оценување ги пропишува\n\nминистерот.\n\nЧлен 160 е избришан.\n\nЧлен 161 е избришан.\n\nЧлен 162 е избришан.\n\nЧлен 163 е избришан.\n\nЧлен 164 е избришан.\n\nЧлен 165\n\n(1) Стручните даватели на јавни услуги од членот 136 од овој закон, во јавните установи за деца,\n\nзадолжително се оценуваат еднаш годишно, и тоа најдоцна до 1 декември во тековната година.\n\n(2) Оценувањето на стручните даватели на јавни услуги од ставот (1) на овој член го врши\n\nдиректорот на јавната установа за деца или лицето овластено од него (во натамошниот текст: оценувач).\n\n(3) Оценувачот со оценки од 1 до 5 го оценува квалитетот, ефективноста и ефикасноста\n\nна работењето, почитувањето на роковите и нивото на исполнување на утврдените работни цели и\n\nзадачи, нивото на вклученост и посветеност на работата, придонесот во реализацијата на програмата за\n\nработа на јавната установа за деца, земајќи го предвид извештајот од годишното интервју.\n\n(4) По завршувањето на оценувањето, копија од образецот за оценување, освен делот кој се\n\nоднесува на поединечните оценки на другите оценувачи, се доставува и до стручните даватели на јавни\n\nуслуги од ставот (1) на овој член.\n\n(5) Против оцената на ефектот незадоволниот стручен давател на јавна услуга од ставот (1) на\n\nовој член има право да поднесе жалба до Управниот одбор на јавната установа за деца, во рок од осум\n\nдена по приемот на копијата на образецот за оценување .\n\n(6) Директорот на јавна установа за деца, е должен да подготви и најдоцна до 31 декември до\n\nМинистерството за труд и социјална политика да достави извештај со ранг-листа на годишни оцени за\n\nсите оценети стручни даватели на јавни услуги ставот (1) на овој член во јавната установа за деца за\n\nтековната година.\n\n(7) Стручниот давател на јавна услуга од ставот (1) на овој член кој во текот на годината за која се\n\nврши оценувањето, бил отсутен од работа подолго од шест месеци (боледување, неплатено отсуство и\n\nдруго), како и давателот на јавна услуга кој за прв пат се вработил во јавната установа за деца и работел\n\nпократко од шест месеци во периодот за кој се врши оценувањето, нема да биде оценуван.\n\n(8) Оценувањето на стручниот давател на јавна од услуга ставот (1) на овој член, кој во текот на\n\nгодината за која се врши оценувањето, се распоредени, односно преземени на друго работно место, го\n\nврши новиот, врз основа на писмен извештај од претходниот оценувач.\n\nЧлен 166\n\n(1) Годишната оцена на стручниот давател на јавна услуга од членот 136 од овој закон\n\nможе да биде:\n\n- „особено се истакнува”, доколку има вредност од 4,51 до 5,00,\n\n- „се истакнува”, доколку има вредност од 3,51 до 4,50,\n\n- „задоволува”, доколку има вредност од 2,51 до 3,50,\n\n- „делумно задоволува”, доколку има вредност од 1,51 до 2,50 и\n\n- „не задоволува”, доколку има вредност од 1,00 до 1,50.\n\n(2) Стручните даватели на јавни услуги од ставот (1) на овој член за кои годишната оцена е\n\n“особено се истакнува”, ќе бидат наградени со бонус во износ од најмалку една плата примена во\n\nпоследниот месец во годината во која се вршело оценувањето, односно во слободни денови или друг\n\nвид на нематеријална награда.\n\n(3) Давателот на јавна услуга кој е оценет со оцена „не задоволува”, ќе му биде намалена платата\n\nнајмногу во износ од 30% во период од три месеци. Доколку давателот на јавна услуга двапати\n\nедноподруго се оцени со оцена „не задоволува” ќе му престане работниот однос.\n\n44\n\n(4) Давателот на јавна услуга кој е оценет со оцена „делумно задоволува”, ќе му биде намалена\n\nплатата најмногу во износ од 15% во период од три месеци.\n\n","statutory_number":null,"whole_instrument_recall":"not_established"}rdf:JSON |
| oa:hasSource | |
| prov:wasDerivedFrom | |
| schema:isPartOf |
Related
Errata in its text (5)oa:hasTarget
- evidence from https://portal.mdt.gov.mk/post-body-files/zakoni-mstp-file-4n2h.pdf
- evidence from https://portal.mdt.gov.mk/post-body-files/zakoni-mstp-file-4n2h.pdf
- evidence from https://portal.mdt.gov.mk/post-body-files/zakoni-mstp-file-4n2h.pdf
- evidence from https://portal.mdt.gov.mk/post-body-files/zakoni-mstp-file-4n2h.pdf
- evidence from https://portal.mdt.gov.mk/post-body-files/zakoni-mstp-file-4n2h.pdf