Pre-release: this release has not been published. Identifiers are permanent; descriptions may still change.
source excerpt from https://portal.mdt.gov.mk/post-body-files/zakoni-mstp-file-4n2h.pdf
https://ontology.bommaritollc.com/id/01a135d7-16a2-73ff-87ea-b10f9795a674
Elsewhere
Sourceportal.mdt.gov.mk
Facts
| adms:identifier | |
| oa:bodyValue | {"legal_state":"unknown","passage":{"end_byte":393572,"instrument_iri":"https://ontology.bommaritollc.com/id/01a13523-5594-72c7-9d54-7cd4a698b767","original_sha256":"31e622b7b82db33cdd19763f1f6eaf21afbf3b0efed0d98474d02fbd4bcd5c49","parsed_text_sha256":"46002f1d7e3f0325fcd26d124ee97d3a0c3e4e3f2638ab57bafabca15b28ff81","source_url":"https://portal.mdt.gov.mk/post-body-files/zakoni-mstp-file-4n2h.pdf","start_byte":381662},"policy":"retained-legal-source-passage-v1","quote":"(центар за социјална работа, установа за деца), агенцијата за давање услуги за чување и нега на деца и\n\nфизичкото лице кое врши одредени работи од дејноста.\n\n(2) По исклучок од ставот (1) на овој член, инспекторот, односно овластеното лице во рамките на\n\nнадлежностите утврдени со овој закон во спроведување на инспекцискиот надзор има право во секое\n\nвреме, без најава и одобрение на раководното лице, да влезе во просториите на установата (центар за\n\nсоцијална работа, установа за деца), агенцијата за давање услуги за чување и нега на деца и физичкото\n\nлице кое врши одредени работи од дејноста.\n\n(3) При вршењето на инспекцискиот надзор, инспекторот, односно овластеното лице во рамките\n\nна надлежностите утврдени со овој закон има право да го разгледа објектот, просторот (занималните и\n\nдругите простории), деловните книги, регистрите, евиденцијата, документацијата, исправите и списите,\n\nда ги сослуша корисниците, вработените, како и други лица, да утврди идентитет на лице со увид во\n\nличната исправа, привремено да одземе документација, предмети и други списи, да го следи\n\nизвршувањето на определените мерки за надминување на утврдените неправилности, како и да\n\nпреземе други работи утврдени и во согласност со овој закон.\n\n(4) Инспекторот, односно овластеното лице има обврска да постапува законито, навремено и во\n\nсогласност со Етичкиот кодекс на државните службеници и Етичкиот кодекс на инспекциската служба и\n\nда ја чува тајноста на класифицираните податоци.\n\n(5) Раководното или друго овластено лице во установата (центар за социјална работа, установа за\n\nдеца, агенцијата за давање услуги за чување и нега на деца и физички лица кои вршат одредени работи\n\nод дејноста), се должни на инспекторот, односно овластеното лице во рамките на утврдените\n\n66\n\nнадлежности со овој закон да му обезбедат непречено извршување на инспекцискиот надзор и да му\n\nобезбедат располагање и увид во сите средства и потребна документација.\n\nЧлен 213\n\nЗа извршениот инспекциски надзор, утврдената состојба и преземените, односно определените\n\nмерки и рокови за отстранување на утврдените неправилности, инспекторот, односно овластеното лице\n\nсоставува записник.\n\nЧлен 214\n\n(1) Доколку при вршење на инспекцискиот надзор инспекторот, односно овластеното лице\n\nутврди дека е сторена неправилност од членовите 225 и 228 од овој закон, инспекторот, односно\n\nовластеното лице е должен да состави записник во кој ќе ја утврди сторената неправилност од\n\nвработениот кој непосредно ги врши работите во спроведувањето и примената на законите и прописите\n\nво областа на заштита на децата со укажување за отстранување на утврдената неправилност во рок од\n\nосум дена и со истовремено врачување на покана за спроведување на едукација на вработениот и на\n\nсубјектот каде што е утврдена неправилноста при вршењето на инспекцискиот надзор.\n\n(2) Формата и содржината на поканата за едукација, како и начинот на спроведувањето на\n\nедукацијата ги пропишува министерот.\n\n(3) Едукацијата ја организира и спроведува министерството, односно општината, општината во\n\nградот Скопје и градот Скопје во рамките на надлежностите утврдени со овој закон, во рок не подолг од\n\n15 дена од денот на спроведувањето на инспекцискиот надзор.\n\n(4) Едукацијата може да се спроведе за повеќе утврдени исти или истородни неправилности за\n\nеден или за повеќе вработени кои непосредно ги вршат работите и физички лица.\n\n(5) Доколку во закажаниот термин вработениот или субјектот над кој се спроведува едукација не\n\nсе јави на едукацијата, ќе се смета дека едукацијата е спроведена.\n\n(6) Доколку вработениот или субјектот над кој се спроведува едукација се јави на закажаната\n\nедукација и истата ја заврши, ќе се смета дека е едуциран по однос на утврдената неправилност.\n\n(7) Доколку инспекторот, односно овластеното лице при спроведување на контролниот надзор\n\nутврди дека се отстранети утврдените неправилности од ставот (1) на овој член, донесува заклучок со кој\n\nја запира постапката на инспекцискиот надзор.\n\n(8) Доколку инспекторот, односно овластеното лице при спроведување на контролниот надзор\n\nутврди дека не се отстранети утврдените неправилности од ставот (1) на овој член, поднесува барање за\n\nповедување на прекршочна постапка пред надлежен суд.\n\n(9) Министерството, односно општината, општината во градот Скопје и градот Скопје водат\n\nевиденција за спроведената едукација.\n\n(10) Содржината и начинот на водење на евиденцијата од ставот (9) на овој член ги пропишува\n\nминистерот.\n\n(11) Министерството/општината, односно општината во градот Скопје и градот Скопје за\n\nизвршените контроли од страна на инспекторите, односно овластените лица и спроведените едукации\n\nво рамките на надлежностите утврдени со овој закон, изготвува квартални извештаи и ги објавува на веб\n\nстраницата на министерството/ општината, односно општината во градот Скопје и градот Скопје на\n\nунифициран квартален преглед.\n\nЧлен 215\n\n(1) Во спроведување на инспекцискиот надзор, инспекторот, односно овластеното лице во\n\nрамките на надлежностите утврдени со овој закон е овластен со решение да ги определи следниве\n\nмерки:\n\n- да нареди отстранување на констатираните недостатоци и неправилности во определен рок и\n\n- да нареди доносителот на решението истото да го преиспита и да донесе ново решение со кое\n\n67\n\nќе го замени претходното решение донесено во спротивност со закон или друг пропис.\n\n(2) Во решението со кое се определува мерката се утврдува и рокот за нејзиното извршување.\n\n(3) Во случај да претстои непосредна опасност за здравјето или животот на граѓаните,\n\nинспекторот, односно овластеното лице, во рамките на надлежностите утврдени со овој закон, ќе\n\nдонесе усно решение и веднаш ќе наложи негово извршување.\n\n(4) Усното решение од ставот (3) на овој член се внесува во записникот од членот 213 од овој\n\nзакон, а писменото решение се донесува во рок од осум дена од денот на изреченото усно решение.\n\nЧлен 216\n\n(1) Инспекторот, односно овластеното лице, во рамките на надлежностите утврдени со овој\n\nзакон, при спроведување на инспекцискиот надзор ги има следниве права и обврски:\n\n- со решение да забрани установата за деца, агенцијата за давање услуги за чување и нега на\n\nдеца, физички лица кои вршат одредени работи од дејноста, како и центарот за социјална работа да\n\nспроведуваат мерки и преземаат работи кои се во спротивност со закон и друг пропис и\n\n- да поднесе кривична пријава за сторено кривично дело, барање за поведување на прекршочна\n\nпостапка или иницијатива за покренување на дисциплинска постапка, ако најде докази дека со\n\nповредата на прописите е сторено кривично дело, прекршок или потешка повреда на работната\n\n","statutory_number":null,"whole_instrument_recall":"not_established"}rdf:JSON |
| oa:hasSource | |
| prov:wasDerivedFrom | |
| schema:isPartOf |